Најтренди бои на лакови за оваа зима според Essie

Essie-4

Essie е бренд на лакови за нокти основан од страна на Essie Weingarten во почетокот на 1980 година. Исфрустрирана од малата палета на бои, таа решила да создаде своја колекција. Тоа биле нејзините почетоци, а денес лаковите Essie се продаваат во преку 100 земји и често може да ги сретнеме и на модните писти. Денес, Essie се знак на тренди и модерен лак. Но тоа не значи дека било која боја може да ја носите во било која сезона.

За да ви ја олесни работата таа создава по неколку нови бои на лакови кои се тренди за новата сезона. За престојната зима, Essie има нови шест лакови. Сите се пастелни бои, но не премногу светли, па може да ги комбинирате со вашата зимска облека. Новата колекција може да ја видите на сликите подолу и изберете ваш фаворит.

Essie-1

Essie-2

Essie-3

Pin It